Како што исчезнаа температурата на Мијалков и неспособноста на институциите, така вечерва „исчезна“ и меѓународната потерница по поранешниот шеф на УБК од веб-сајтот на Министерството за внатрешни работи.
Ажурирањето следува неколку часа по „пронаоѓањето“ на Мијалков, или, како што рече премиерот Заев, неколку часа откако ефикасноста на институциите не му остави избор на бегалецот сам да се пријави.
Во овие моменти, откако сам си го подигна решението од Јавното обвинителство, Мијалков е во куќен притвор под 24-часовен видео и аудио надзор, во својот дом на Водно. Од зградата на Обвинителството тој беше изнесен во полициски автомобил со затемнети стакла, во придружба на две полициски и едно цивилно возило.