МВР ги казни Заев, Николовски и Филипче за неносење кацига на мотор

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупција – Љупчо Николовски и министерот за здравство – Венко Филипче, ќе треба да платат казни од 50 евра во денарска противвредност, откако МВР ги казни за неносење кацига додека возеле мотор.

Според порталот „Центар.мк“, кој ексклузивно ги објави прекршочните налози, казните за високите владини функционери се доказ дека законите важат за сите подеднакво и дека МВР, со Оливер Спасовски на чело, неселективно ја спроведува правдата.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури
- Реклама -