Музика, вкусна храна и многу подароци – цел месец во Рамстор Мол

Со отворањето на новиот дел за брза храна, Рамстор Мол предизвика вистинско одушевување кај верните посетители кои во овој период уживаат во богатата понуда на Гурманскиот месец, под слоганот: Ајде да јадеме заедно.
Горан Папаз и неговиот саксофон на големото отворање кое се одржа во средата (25.02) го скршија мразот и направија пријатна атмосфера за сите посетители кои покрај прекрасната музика имаа можност да ги искористат и дневните поволности кои ги промовираа локалите за храна.

10995399_858322794223769_6418245101921854217_n

Во текот на гурманскиот месец кој ќе трае до 22.03 во трговскиот центар ќе се реализираат повеќе активности: Гурмански среќник во кој ќе следуваат подароци за домаќинство за најсреќните и најкреативни посетители, среќно гурманско тркало, Јади, љуби, гласај- активност преку која ќе се одбере омилениот Рамстор локал за брза храна, за викендите малите сезнајковци ќе готват вкусни мафини, а сите љубители на социјалните мрежи добиваат можност да направат фотографија од омилениот оброк, да ја објават на социјалните мрежи со #АјдеДаЈадеме да соберат лајкови и да очекуваат подарок.
Гурманскиот месец е збогатен и со музички настапи. Во наредниот период не очекува концерт на Ламбе Алабаковски, перформанс на Горан Папаз, настап на група Омниа и два настапи на кубански бенд.

Со целосното реновирање и  воведувањето на многу нови и свежи кампањи Рамстор Мол без сомневање наметнува ново движење на искуствен внатрешен мол маркетинг.

 

 

- Реклама -