Мурињо поставил еден услов за да стане селектор на Португалија

Според пишувањата на „А Бола“, Жозе Мурињо ја известил Фудбалската федерација на Португалија дека е заинтересиран за можноста да го наследи Фернандо Сантош, но прво сака да ја одработи сезоната со Рома.

По неуспехот на Португалија на мундијалот во Катар и елиминацијата од Мароко во четвртфиналето, беше јасно дека Фернандо Сантош нема да продолжи на кормилото и почнаа да кружат гласини за негов наследник.
 
Жозе Мурињо се посочува како еден од кандидатите, се говореше за можноста „специјалниот“ да извршува двојна улога, односно истовремено да биде и селектор на Португалија и тренер на Рома.
 

- Реклама -