Мурињо иронично ги искоментира критиките кои доаѓаат на негова адреса поради дефанзивниот стил на игра.Жозе Мурињо со многу дефанзивен пристап успеа да се одбрани од Атлетико Мадрид и да остане непоразен на Висенте Калдерон, подоцна со слична игра го победи Ливерпул со 2-0 на Енфилд.
Сите зборуваат за автобусот на Жозе Мурињо, па Португалецот се најде повикан да им одговори на критичарите.
„Во овој момент фудбалот е полн со филозофи. Полн е со луѓе кои разбираат многу повеќе од мене, и полн е со луѓе кои имаат фантастични теории и филозофии” – вели Мурињо.
„Но реалноста секогаш е реалност. Тимот кој не се брани добро нема многу шанси за победа. Тимот кој не постигнува многу голови, а прима многу голови, е во невоља. Тим без баланс, не е тим”.
„Кога Атлетико ќе ја има топката ние треба да се браниме, кога ние ќе ја имаме топката треба да нападнеме. Тоа е фудбалот кој јас го знам. Кога противникот ја има топката, треба да работите дефнаизвно, треба да бидете организирани. Кога ќе ја имате топката, треба да се обидете да играте според можноста на вашите фудбалери и според квалитетите на противникот”.
„Кога некој тим размислува стратегиски, и мисли на своите квалитети и на квалитетите на противникот, пред 10, 20 или 30 години беше добар, интелигентен тим”.
„Во овој момент, во зависност од тренерот и клубот очигледно, се јавуваат критичарите, но тоа не е проблем”.
По завршувањето на натпреварот против Ливерпул, Брендан Роџерс изјави дека Жозе Мурињо паркирал два автобуси на Енфилд.
„Брендан ми е пријател. Се разбира знам кои се неговите зборови по натпреварот, но исто така ги знам и неговите зборови после тоа. Ми се јави и ми честиташе за големата победа и одличните перформанси”.
„Тој е мој пријател, го сакам и преферирам да ги заборавам зборовите кои ги кажал по натпреварот, а да ги задржам оние кои ми ги кажа лично”.
„Тој е интелигентен човек и верувам дека по натпреварот го изгледал видеото и сфатил што се случило”.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk