На прес-конференцијата по натпреварот со Стоук, кој заврши 1-1 (5-4 на пенали за Стоук), Мурињо изјави дека критичарите веќе еднаш треба да се „договорат“, што е поважно, резултатите или нешто друго?
„Лани победивме на многу натпревари и бевме шампиони во Премиер Лигата. Тогаш луѓето велеа дека постојат многу побитни работи од резултатите. Сега, кога не можеме да врземе победа, резултатите се побитни од било што“, изјави Мурињо.
Посочи дека фудбалерите на неговиот тим постојано се активни и се залаагат на теренот повеќе од било кој претходно, па затоа нема причина која би влијаела на нивната самодоверба.
Но сепак, не ни даде јасна причина поради која Челзи е закован на дното на табелата.