Мурињо најави последователни титули во Лигата на шампионите

Португалскиот тренер на клупата на „Кралскиот клуб“, Жозе Мурињо, изјави дека веќе ги почнал подготовки за следната сезона и даде исклучително смела најава.

Португалецот е убеден дека Реал Мадрид ќе ја освои Лигата на шампионите во следните две сезони, исто колку што нему му преостануваат од четиригодишниот договор со „Кралевите“. Мадридскиот гигант и во првата и во втората година од вледеењето на Мурињо испадна во полуфиналето на најквалитетното европско клупско натпреварување, најпрво од Барселона, а потоа и од Баерн Минхен.

„Ако продолжиме да играме како во оваа сезона, десеттата титула шампион на Европа за Реал Мадрид практично е загарантирана. Дури сметам дека европскиот трофеј може да биде освоен следните две сезони. Веќе го завршивме славењето на титулата во Шпанија. Репрезентативците се насочуваат кон Европското првенство, а јас веднаш почнувам да се подготвувам за следната сезона. Во клуб како Реал Мадрид немате право да спиете на старата слава, веднаш се мисли за иднината“ – вели Мурињо.

Прочитајте и:  Анчелоти по поразот од Милан: Нашите проблеми не се индивидуални, туку тимски

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -