Мурињо: Јас сум одговорен за поразот

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо ја превзема одговорноста за поразот од Базел и вели дека напорно ќе работи тимот да победи веќе на следниот натпревар.

Челзи доживеа неочекуван удар од Базел во Лигата на Шампионите, Сините со 2-1 загубија на Стемфорд Бриџ.

Лош почеток на Жозе Мурињо на кормилото на Челзи, тимот нареди два негативни резултати во серија откако претходно загуби од Евертон на Гудисон Парк.

„Јас сум менаџерот, јас сум одговорен за се” – изјави Мурињо за Sky Sports по натпреварот.

„Посебно за лошите резултати. Во добрите моменти сакам сите да блескаат, во лошите моменти сакам сите да бидат смирени”.

„Утре нема да се разбудам со насмевка на моето лице, но од седум часот напорно ќе работам за да освоиме три бода против Фулам”.

„Во следниот натпревар од Лигата на Шампионите гостуваме во Букурешт, треба да освоиме бодови таму за да продолжиме во натпреварувањето. Не сакаме да играме во Лига Европа”.

„Базел одигра добар натпревар. Во првиот дел добро се бранеа, ние имавме голем посед на топката, но не креиравме многу шанси”.

„Оскар во добар момент постигна гол, имавме шанси за 2-0, но потоа следуваше казна”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -