Мухамед Зекири е новиот генерален секретар на Владата

Експратеникот и актуелен потпретседател на СДСМ – Мухамед Зекири, е избран за нов Генерален секретар на Владата, објавија медиумите.

Информацијата, за „Плусинфо“, ја потврдила владината прес-служба. Одлуката е донесена на денешната владина седница, а е избран на местото на досегашниот генерален секретар – Драги Рашковски.

Зекири беше дел и од актуелниот пратенички состав, но неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, која Собранието веќе ја има констатирано.

 

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје
- Реклама -