Ракавиците на Мухамед Али продадени за рекордни 771.696 долари (видео)

За секој пар ракавици кои легендата на борилиштата ги носеше на мечевите со Листон и Фрејзер платено е по 385.848 долари, а на аукцијата предмети од колекцијата на познатиот боксерски тренер Анџело Данди заработени се 1,3 милиони долариДва пара ракавици кои Мохамед Али ги носеше на познатите бокс мечеви против Сони Листон во 1964 години и против Џо Фрејзер во 1971 година продадени се за рекордна сума од 385.848 долари поединечно, односно 771.696 долари вкупно на непознат купувач кој побарал да остане анонимен.

На аукцијата се продавани и предмети ос познатиот боксерски тренер Анџело Данди, кој почина во февруари оваа година, а кој е најпознат по успесите кој ги постигна со Али, иако работеше и со легенди како Реј Шугар Леонардо и Џорџ Форман во подоцнежниот период на кариерата. На аукцијата се заработени вкупно 1,3 милиони долари од кои дел ќе припаднат на фондацијата „Мухамед Али“, а дел ќе бидат искористени за лечење на ќерката на Данди, која боледува од мултипл склероза.

Со победата против Сони Листон во 1964 година Мухамед Али, тогаш се уште познат како Касиус Клеј, прв пат стана професионален шампион на светот во супертешка категорија, додека поразот од Џо Фрејзер во 1971 година запаметен во боксерските анали како „борба на векот“.

- Реклама -