Мудрости од Шарл де Гол

1_1474719407[2]

Шарл де Гол (22 ноември 1890 – 9 ноември 1970) бил француски генерал и државник, претседател на Петтата Француска Република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот.

Како претседател му го призна правото на алжирскиот народ на самоопределување и му овозможи со спогодбата во Евијан (во 1962 г.), да ја заврши седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата ја поведе Франција по патот на самостојана надворешна политика и ги повлече француските сили од Атлантскиот пакт.

По смртта, де Гол добива статус на величевствена историска личност и национален лидер, чие значење за француската историја може да се спореди само со тоа на Наполеон.

Очекувано, таков човек имал што да каже:

• „Во политиката некогаш ти се наложува да ја предадеш или државата, или тие што те избрале. Јас го преферирам второто.“

• „Дејството – тоа се луѓето во комбинација со околностите…“

• „Демократијата е поднослива само под еден услов: да го имаш мнозинството…“

• „Десетте Божји заповеди се кратки, јасни и разбирливи, зашто се пишувани без помош на советници и експерти.“

• „За да стане господар, политичарот се преправа дека е слуга.“

• „За среќа, господа новинари, ги читам вашите весници, за да дознаам што мислам.“

• „Ништо не го зацврстува авторитетот повеќе од молчанието. Тоа е блесок на силните и прибежиште на слабите, семудрост на  горделивите и гордост за понижените, благоразумност на мудреците и разум на глупаците.“

• „Патриотизмот е да си ја сакаш земјата. Национализмот – да ги мразиш туѓите…“

• „Политиката е нешто премногу сериозно за да им биде доверено на политичарите.“

• „Ги почитувам само тие кои ми се противат, но немам намера да ги трпам.“

• „Политичарот до тој степен не си верува на зборовите, што се воодушевува кога другите го сфаќаат буквално.“

 

- Реклама -