Мудри мисли од Александар Пушкин

11132777585736fba0baccf8.96401712[1]

„Да го научиш човекот да биде среќен – тоа е невозможно, но да го воспиташ така што да биде среќен – тоа е можно”, гласи еден од најпознатите цитати на Александар Пушкин. На 6 јуни се навршија 217 години од раѓањето на големиот руски поет, сметан за родоначалник на современата руска литература. Неговите дела „Евгениј Онегин”, „Руслан и Људмила”, „Борис Годунов” се продадени во милиони примероци и се изучуваат во многу земји во светот.

Пушкин умира на 10 февруари 1837 година, во својот дом во Санкт Петербург, од тешките рани добиени при дуелот со Дантес.

Еве уште неколку големи цитати на црнецот Пушкин:

„Запознаеш ли човек, не можеш да не го замразиш.“

“Приказната е лага, но во неа има вистина.”

“Учените ги има многу, умните луѓе – малку.”

“Луѓето никогаш не се задоволни од сегашноста и, имајќи малку надеж за иднината, го украсуваат неповратното минато со сите бои на имагинацијата.”

“Зависта е сестра на натпреварот.”

“Озборувањето, дури и без докази остава речиси вечни траги.”

“Животот не е само подготовка за утрешниот ден, туку и непосредната, жива радост.”

“Не оставај за вечера, тоа што можеш да го изедеш за ручек.”

“Да се откажеш од ризикот значи да се откажеш од творештво.”

“Досадата е една од способностите на мислечките суштества.”

“Сите жени се преубави, а убавината им ја дава љубовта на мажите.”

“Љубовта – тоа е восхитувачка измама, на која секој се согласува доброволно.”

“Невозвратената љубов не го понижува човекот, туку го возвишува.”

“Нема вистина таму каде што нема љубов.”

“Таму каде што нема љубов, не е забавно.”

“Првата љубов секогаш е поврзана со чувствителност. Втората – со сензуалност. “

“Да се презира оценката на луѓето не е тешко, да се презира сопствената прецена е невозможно.”

“Народот е како децата. Му треба занимација. “

“Почитување на минатото – тоа е цртата која ја одвојува образованоста од дивјаштвото“.

- Реклама -