Согласно Законот за надворешни работи, министерот за надворешни работи и надворешна трговија го повика на консултации вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Рим, Весел Мемеди, потврдија од Министерството за МИА.
Како што додаваат оттаму, датумот на средбата со министерот ќе биде дополнително утврден.
Мемеди во февруари годинава испрати допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки. ВМРО-ДПМНЕ тогаш излезе со со реакција дека Мемеди на своја рака донел потези со кои им наштетил на македонските граѓани во Италија.
Неколку дена по дописот на Мемеди, МНР, предводено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, испрати нова нота до италијанските власти, информирајќи дека амбасадорот Мемеди нема добиена никаква инструкција да доставува ноти за предметната тема.
-По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации, соопшти тогаш МНР.