Муабетот на Тоти, Малдини и Ди Биаџо за време на пеналите на ЕП 2000

toti

Пенал серијата на ЕП 2000 ја донесе незаборавената мајсторија на Тоти, но и интересниот муабет пред пеналот да биде изведен.

Беше иинтересен натпревар, иако немаше голови, е на двете страни имаше доста шанси. Црвен картон за Замброта во 34-тата минута и два промашени пенали за Холандија во регуларниот дел (Франк де Бур и Клајверт).
Толдо уште во текот на натпреварот покажа дека е расположен за пенали, додека на другата страна стравот во коските на „азурите“ им го влеваше огромниот Ван Дер Сар.

Муабетот…

– Франчи, страв ми е – му се доверил Ди Биаџо на Тоти непосредно пред пеналите.
– Кому му кажуваш? Види го колкав е… ама ќе му дадам гол, и тоа со „паненка“- му одговорил Тоти.
– Што? Паненка? – прашува Ди Бијаџо
– Ти си луд, биди малку сериозен, играме полуфинале на ЕП… се вмешува Малдини.
-Да знам, затоа и ќе го направм тоа, мирно одговорил „принцот од Рим“, прошол со раката нис косата и одлучно тргнал кон белата точка.

Останатото е историја…

Целата пенал серија …

- Реклама -