Кристијано Роналдо вчера против Јувентус го постигна еден од најспектакуларните голови во историјата, со ножички. Ем го матираше Буфон, ем ударот беше изведен перфектно, ем на момент убедливо ја победи и гравитацијата.
Шпанска „Марка“ денес објави стручна анализа на потегот на Роналдо. Експерите утврдиле дека при ударот, Роналдо скокнал неверојатни 1.41 метар во висина, додека топката ја шутнал на висина од 2.38 метри!
Чисто за споредба, Леброн Џејмс, кој дури и во НБА е грамада човек во споредба со повеќето кошаркари, е висок 2.03 метри.
Мануте Бол, пак, највисокиот кошаркар кој некогаш има играно во НБА, бил висок 2.31 метри. Според анализиве, Роналдо без проблем може да го шутне со нога по глава, и тоа со ножички, нели. Па дури може и да погоди во гол.