Му го оштетил БМВ-то со салама заради пребрзо возење

salama_pxb[1]

Звучи како балканска приказна, ама се случува во Германија. Додека пешаци поминувале на пешачки во германскиот град Нојбрандербург, пред нив поминало БМВ со брзина поголема од соодветната со која треба да помине една кола на пешачки кога има пешаци (која во принцип треба да е 0 км/ч).

49-годишниот Германец, кој поминувал улица заедно со својот осумгодишен син, прво му довикнал на возачот да не брза, а потоа замавнал со саламата (веројатно кулен/чајна) долга 30 сантиметри и го удрил по најмилото, при што од ударот се оштетила задната врата на БМВ-то.

Возачот тврди дека „само пробал брзо да се вовлече на слободно паркинг место“. Пешакот е под истрага за предизвикување на штета. Саламата, вратена му е.

- Реклама -