Еден Венецуелец кој бил прогласен за мртов се разбудил во мртовечницата во силни болки откако вештаците ја почнале обдукцијата.
Еден Венецуелец кој бил прогласен за мртов се разбудил во мртовечницата во силни болки откако вештаците ја почнале обдукцијата.
Карлос Камехо (33) бил прогласен за мртов по сообраќајна несреќа и бил пренесен во мртовечница каде што вештаците почнале да му прават аутопсија. Тие увиделе дека нешто не е како што треба кога телото почнало да крвави. Тие веднаш ја сошиле исеченицата што му ја направиле на лицето.
"Се разбудив поради неподносливата болка", рекол Камехо.
Неговата ужалена сопруга дошла во мртовечницата за да го идентификува телото на мажот, но го нашла жив во ходникот. Камехо го раскажал случајот во еден локален весник каде што им ја покажал лузната на лицето и документот за извршување на аутопсија. виа.