Мрсната коса да не изгледа мрсно

Сите имаме денови во кои нашата коса е мрсна, а времето ни ја налага неопходноста да излеземе веднаш, без да имаме време да превземеме многу околу нејзиниот изглед.

Денеска ќе ви покажеме неколку начини како да изгледате одлично, иако вашата коса започнала да се мрси.

Погледнете ги овие шест трикови за прикривање на мрсната коса, во неколку секунди.

1. Со капа

Минимален напор = максимален шик.

2. Кадрици + несериозна пунџа

kosa

3. Додадете марама

Ставете марама или лента за коса, за да ја прикриете мрсната коса, која е најмногу измрсена во горниот дел на главата.

4. Со бебешка пудра

Само посипете малку бебешка пудра на корените. Таа ќе ја апсорбира маснотијата.

5. Сув шампон

Може да си го купите од козметичките продавници. Има брзо дејство и ќе ви биде од голема помош, кога немате време да ја измиете косата, а ви претстои излегување.

6. Домашен сув шампон

Можете да си го направите потполно сами. Тој се состои од една состојка за блондинки (пченкарен скроб) и две за бринети (пченкарен скроб и незасладено какао во прав, измешани во сооднос 1: 1).

- Реклама -