Двајца холандски уметници направиле експедиција до Северниот Пол за да соберат малку праз од Арктикот. Причината? За луѓето да можат да го купат и да го чуваат во своите замрзнувачи.
Корали Вогелаар и Теун Кастелеин сакале да го нагласат влијанието на климатските промени. Тие го направиле она што секој од нас би го направил, собрале мраз од глечер на северниот пол и го однеле во Амстердам. Овој мраз потоа бил поделен на 1000 парчиња кои биле ставени во пластични капсули и во моментов се продаваат за по 25 евра.
Двајцата уметници велат дека проѕирните пакувања од по 23 сентиметри ќе го чуваат мразот замрзнат три часа. Па ако купите од овој мраз ќе мора брзо да решите дали ќе го чувате во вашиот замрзнувач, или ќе го искористите за некој екстравагантен пијалак. Претставник на проектот изјавил: „Парче од поларниот мраз е задолжителен дел од последното ледено доба за секој сериозен колекционер. Ова е уникатен предмет. Вашето парче од историјата може да биде интересна инвестиција за иднината. Бидејќи реткоста ја подига вредноста. Топењето на поларниот мраз ќе го направи вашето парче повредно во иднина.“ [My Polar Ice]