Симнавте неколку килограми и сте пресреќни, всушност тоа била вашата цел. Но, брзите диети имаат мрачна страна и последици за кои не се зборува многу.
Опуштена кожа
Топењето на маснотиите на критичните места на телото, не доаѓа со цврсти плочки на стомакот. Ако изгубите многу килограми, би можеле да завршите со вишок кожа, која поради премалата еластичности може да висне. Кожата ќе биде поопуштена кај лица кои за краток временски период изгубиле голем број килограми, но и кај лица во поодминати години.
Депресија
Намалувањето на килограмите обично се поврзува со подобрување на расположението и самодоверба, но неодамнешна студија покажа дека луѓето се склони кон депресија поради промената на изгледот.
Прекин на врската
Не е реткост двајца луѓе кои живеат заедно да се стават истовремено на диета. Сепак, заедничкото држење на разни диети може да доведе до несогласувања, особено ако на едниот му иде подобро.
Болки во стомакот
Луѓето кои брзо губат килограми можат да развијат проблеми со камен во желудникот, што е проследено со болки во желудникот, мачнини, а понекогаш и температура.