Пописот доби поддршка и од сите верски заедници во земјава.
МПЦ, ИВЗ, како и Католичката црква, дадоа поддршка на статистичката операција, а тоа ќе го направат со повик до верниците, во земјава и во дијаспората, масовно да се попишат. Ова е резултат по средбата која верските лидери ја имаа со министерот за надворешни работи Бујар Османи, според кој активностите на верските лидери во однос на повиците и поддршката за попишување ќе почне уште денес.
„И поглаварот на МПЦ, и на Исламската заедница, и на Католичката црква, уште денес ќе ги информираат своите претставништва во светот да искомуницираат на различни начини своите верници да се вклучат во овој процес“, изјави Османи.
Инаку, попишувањето на определени категории граѓани започна во понеделникот и засега се одвива без поголеми проблеми.