Мозокот е тој што ти прави проблем цело време

Антони Пол Му-Јанг, денес викан Mooji, e спиритуален учител со потекло од Јамајка. Во 1969 година, на 15-годишна возраст, се преселува во Англија за да живее со мајка му во Лондон. Станува самоук уметник и се бави со стакло, керамика и скулптура. На кратко предава и во колеџот во Брикстон.

Во 1987 година се сретнува со еден христијански мистик кој го инспирира да „излезе од својот живот“, како што Mooji милува да рече. Наскоро Mooji престанува да предава, го напушта домот и почнува да води едноставен живот. Во 1993 го сретнува својот духовен учител H.W.L. Poonja – во Индија познат како Papaji. Со него, Mooji го искоренува и тоа малку што е останато од неговото его, како што вели самиот.

Токму тоа е централниот стремеж во учењето на Mooji – победа над егото и ослободување и пронаоѓање на правото ЈАС, и на крајот – прогрес. Не толку материјален, колку спиритуален. А една од етапите во таквиот подвиг е да сфатите дека умот баш и не ви е сојузник, благо речено…

- Реклама -