Мозокот може да го запамти скоро цел интернет

Научниците открија дека мозокот би можел да запамти 10 пати повеќе информации, отколку што претходно се сметало за возможно. Тоа  би можело да помогне при креирањето на поефикасни компјутери.

v204678

Научниците и инжинерите со години работат на развојот на роботиката и вештачката интелигенција. Некои експерти предупредуваат во текот на изминативе години дека на човештвото му се заканува доба кога роботите и компјутерите ќе бидат поспособни од човекот, а моментот кога компјутерот ќе го надмине капацитетот на човековиот мозок го означува поимот на сингуларност.

Сепак, светот би можел да го почека уште некое време тој момент. Научниците штотуку открија дека човековиот мозок може да запомни 10 пати повеќе информации, отколку што се сметаше за возможно, што едноставно кажано е речиси колку целиот интернет.

Ова откритие помага во објаснувањето зошто човековиот мозок е толку ефикасен. Новите информации би можеле да им помогнат на научниците да креираат поефикасни компјутери, како и да научат повеќе за тоа како функционира мозокот на луѓето.

-Наидовме на клучните принципи на хипокампалните неурони кои работат со малку енергија, но со многу компјутерска моќ – рече научникот и професорот Тери Сејновски.

-Мозокот наизглед изгледа хаотично, но во сето тоа се крие неверојатна прецизност со големина и облик на синапс, кои нам не ни беа видиливи, заклучува Сејновски.

 

 

 

- Реклама -