Можност да се помине вечноста покрај Мерилин Монро





Повеќе... Во гробницата во Вествуд Вилиџ во Лос
Анџелес веќе 23 години почива извесниот Ричард Пончер. Сега, неговата вдовица одлучила да го помести покојникот затоа што и
биле потребни пари за одржување на нејзината куќа во Беверли Хилс вредна 1,6
милиони долари.







marilyn_monroe.jpgГробот кој се наоѓа веднаш до местото
каде што почива холивудската легенда Мерилин Монро е дадено на аукција. Поставен
е онлајн оглас на сајтот eBay со почетна цена од 500.000 долари.

Во гробницата во Вествуд Вилиџ во Лос
Анџелес почива извесниот Ричард Пончер кој имал 81 година кога умрел пред 23
години. Сега, неговата вдовица одлучила да го помести покојникот затоа што и
биле потребни пари за одржување на нејзината куќа во Беверли Хилс вредна 1,6
милиони долари.

„Ова е единствената можност во животот да
ја поминете вечноста над Мерилин Монро“ напишала во огласот Елси Пончер.
Вдовицата раскажала дека нејзиниот сопруг кој добро го познавал чикашкото
подземје, го купил гробното место во 1954 од американската бејзбол легенда Џо
Димаџио, додека бил во тек разводот со филмската ѕвезда. Г-ѓа Пончер открива дека
откако нејзиниот сопруг дознал каде ќе биде погребан тогаш и’ рекол: „Ако
скинам конци и не ме погребаш покрај Мерилин ќе те гонам до крајот на животот!“

И Хју Хефнер сопственикот на Плејбој, кој
имал многу пријатели погребани на тоа место, во 1992 година си резервирал свое покрај
Мерилин Монро за кое платил 75.000 долари.

Управникот на гробиштата каде почиваат и
Натали Вуд, Труман Капоти и Фара Фосет им понудил на оние кои не можат да
одвојат пола милион да си резервираат место два реда подалеку од секс
симболот за 250.000 долари.

 

„Да ја поминеш вечноста веднаш до Мерилин
Монро е премногу добро да се пропушти.“

- Реклама -