Девојкава несомнено го допре врвот, овај… во нејзиниот случај – дното.
Шемика Чарлс има 22 години и е позната како „кралица на лимбото“ – онаа играта кога наведнати наназад поминувате под јаже, ви текнува? Таа штотуку го собори светскиот рекорд со тоа што стана првата што поминала под автомобил. Во 2010-тата исто така постави гинисов рекорд кога помина под јаже на висина од 21.5 сантиметри (колку пивско шише). Последниот подвиг е сепак на сосема друго ниво, затоа што подразбира многу подолго да останете во таквата наведната и екстремно тешка позиција на телото.
Флексибилноста на Шемика е традиција во нејзиното семејство – нејзината мајка исто така била лимбо-танчерка додека живеела во Тринидад и Тобаго, иако морала да се откаже откако се повредила. Сепак, клучот за успехот на Шемика не се гените, туку, како што вели таа, тоа што тренира 6 часа на ден! Сега, таа оди на тури низ Америка и ја демонстрира нејзината перфектна вештина.