Сем Алтман, претседател на Y Combinator, објави на Twitter неколку интересни факти за едни од најголемите технолошки компании.
Во САД има седум технолошки компании засновани по 1970 година, со пазарна капитализација од над 100 милијарди долари, според Алтман.
Пред да ги наброиме, можете ли да познаете кои се тие?
Еве неколку џокери.
Нивната пазарна капитализација е:
703 милијарди долари
443 милијарди долари
368 милијарди долари
269 милијарди долари
247 милијарди долари
246 милијарди долари
171 милијарди долари
144 милијарди долари
Алтман ја проверил и возраста на нивните основачи во времето кога се создадени компаниите. Најмладиот од нив бил на 19, а најстариот 36 години.
Еве ги и годините, во кои се засновани, во истиот ред како и нивната пазарна капитализација: 1976, 1998, 1975, 2004, 1994, 1977, 1984 година.
Тоа пак се првите букви од имињата на компаниите: A, G, M, F, A, O, C
Ги познавте ли? Apple, Google, Microsoft, Facebook, Amazon, Oracle, Cisco.
*Текстовите во адвертајзинг се поддржани од Via Marketing