Со декади, забивањата беа најпопуларните моменти во кошарката меѓу публиката. Веќе не. Стилот на игра е драстично сменет, а тројката е новиот хит. Многумина не се среќни со таквиот развој на настаните, а главниот аргумент им е дека тројката ја уништува убавината на играта за два поена. Дел од нив сметаат дека е време да се помести линијата за 3 поени.