Може ли да се затрудни од пресемената течност?

Сакате секс без кондом, а сé уште ви е рано да ве викаат мамо/тато. Веројатно се прашувате дали прекинот на односот пред самиот крај и ејакулацијата надвор од вагината е доволна гаранција дека нема да забремени/те? Популарното мислење е: Да. Експертите пак, предупредуваат дека треба да сте свесни за „опасностите“ од пресемената течност.

СОСТАВ НА ПРЕСЕМЕНАТА ТЕЧНОСТ
Пресемената течност е чиста и безбојна, а се ослободува преку уретрата во текот на сексуалниот однос. По составот е слична на семената течност, но со значајни хемиски разлики. Киселината фосфатаза, на пример, е хемиска состојка што ја има во пресемената течност и е тесно поврзана со спермата, но некои други маркери, како гамаглутамилтрансеразата, се комплетно отсутни од пресемената течност. Сепак, течноста може да содржи и сперма, што значи дека жената може да затрудни и во случаи кога целосната ејакулација е извршена надвор од вагината.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

ПРЕКИН НА ОДНОСОТ – ГАРАНТИРАНА КОНТРАЦЕПЦИЈА?
Иако оваа „мерка“ е најстар метод на контрацепција, не може целосно да и се верува. Настрана од фактот што ризикувате полово-преносливи болести, методот не нуди 100-процентна заштита од несакана бременост. Подобро е да се одлучите на некоја од многуте препорачани и сигурни методи, а ако не сте сигурни што да изберете, секогаш можете да се посоветувате со доктор.

- Реклама -