Може да издржи 22 минути без дишење

Стиг Северисен (40) може да издржи дури 22 минути под вода, без да диши.Стиг во 2010 години скокна во базен полн со ајкули и го задржа здивот 20 минути, а две години подоцна го собори својот Гинисов рекорд и издржа 22 минути.

Стиг може да се карактеризира како некој вид на супер-суштество, поради своите капацитети на плуќата од 14 литри, што е дупло повеќе од просечните. Тој отсекогаш сакал да плива во ледено студена вода.

Северисен ја напишал книгата „Breatheology“ во која опишува како диши.

Тој вели дека неговата најголема моќ лежи во способноста да се одвои од своето тело и да се бори со болката.

„Јас не се разликувам од другите луѓе. Јас само имам способност да го исклучам чувството за болка и непријатност.

Погледнете го неговото најново видео во ледено езеро, како и она од 2012 кога издржал во базен 22 минути без дишење.

[youtube]http://youtu.be/KEM2PmzK7m0[/youtube]

[youtube]http://youtu.be/AqERqQj-ozc[/youtube]

- Реклама -