Со импровизиран мотор до спас од Сахара

Емил Лири можеби го нема огромното богатство на Тони Старк но кога се нашол во проблематична ситуација, тој докажал дека ги поседува неговите механичарски способности. Откако неговиот Citroen 2CV се расипал во пустина, тој поминал 12 часа претворајќи го во мотоцикл за да може да се спаси.

Според приказната Французинот се возел низ пустината во северозападна Африка кога налетал на барикада поставена од некој од учесниците во локалните конфликти. Но наместо да ги послуша вооружените стражари и да се врати назад од каде што дошол тој решил да ја заобиколи барикадата низ пустината.

Неговиот Ситроен удрил во камен со што била уништена предната суспензија а Емил заглавил во пустината. Бидејќи не сакал да ги остави вредните предмети кои ги носел со себе тој решил да спаси дел од возилото.

Тој го претворил својот Ситроен во мотоцикл без ниту еден од алатите кои би биле потребни за тоа. Тој успешно го завршил својот проект само со бонсек и стандардни алати. Тони Старк имаше пристап до многу понапредни алатки кога го направи својот прв костум.

Сепак, бидејќи Емил го направил овој механички подвиг пред неколку години, може да се претпостави дека Тони Старк од првиот Iron Man филм е базиран врз неговата неверојатна снаодливост. [Real-life Tony Stark turns his broken down car into a motorcycle to escape the desert]

- Реклама -