Москва го прифати барањето за помош при евакуација на руските лидери на Херсон

Руските власти денеска соопштија дека ќе им помогнат на жителите да го напуштат украинскиот регион Херсон, окупиран од Москва, откако тамошните власти поддржани од Кремљ побараа помош по украинската контраофанзива.

„Москва ќе помогне во евакуацијата на жителите од украинската област Херсон“, изјави денеска рускиот вицепремиер Марат Косноулин.

Неговата изјава дојде откако прорускиот лидер на окупираниот регион, Владимир Салдо, ја повика Русија да помогне во евакуацијата.

„Им предложивме на сите луѓе од регионот Керсон, доколку сакаат, да заминат во други региони за да се заштитат од ракетни удари“, објави Салдо на Телеграм. „Ве замолувам да помогнете во организирањето на оваа работа. Ние, жителите на Херсонската област, знаеме дека Русија не ги напушта своите“, додаде Салдо, директно обраќајќи му се на раководството на Русија, при што потенцираше дека сè поголем број украински ракети паѓаат врз регионот и предизвикуваат „сериозна штета“, таргетирајќи цивилна инфраструктура.

Прочитајте и:  Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи, меѓународната заедница не реагира

По овој апел, Москва се согласи да помогне.

„Владата донесе одлука да организира помош за заминување на жителите од регионот (Херсон) во други региони на земјата“, изјави рускиот вицепремиер Марат Косноулин за државната телевизија.

Според Салдо, оние што ќе заминат ќе одат на Крим (полуостровот што Москва го анектираше од Украина во 2014 година) и јужните руски региони.

Украинската војска во Херсон изведува контранапад и полека но сигурно ослободува помали населени места од руската окупација. Минатата недела украинските сили ослободија стратешки важно село во Херсон и ги принудија Русите да се повлечат. Вчера, Киев соопшти дека повторно зазеле пет населени места.

Извор: МИА

- Реклама -