Градските легенди се интересни и интригантни, кога си играат со нашите најдлабоки и темни стравови.
Во страшната приказна за исчезнувањето на хотелска соба има сè: семејство кое што завршува во непознат град, болест на некој близок и тотална безнадежност. Постојат неколку верзии на оваа урбана легенда за хотелската соба што исчезнала, но најчесто се раскажува онаа за девојка и нејзината мајка кои патувале назад кон Англија, од Индија. Се смета дека престојувале во хотел во Париз во 1889 или 1900 година. Тие биле сместени во одделни еднокреветни соби, бидејќи во хотелот биле пополнети сите двојни. Мајката се разболела и лекарот ја испратил ќерката во друг дел на градот за лекови. Тоа траело долго време, а кога се вратила со лекот, ќерката открила дека нејзината мајка изчезнала заедно со хотелската соба.
Вработените на хотелот инсистирале да и докажат дека таа пристигнала сама и дури и покажувале дека не постои хотелска соба на местото на кое што девојката тврдела дека за последен пат ја видела мајка си. Крајот на приказната е предмет на различни толкувања. Според една верзија, мајката била болна од чума и била отстранета од хотелот. Друга раскажува дека девојката никогаш не дознала што се случило со нејзината мајка и го поминала својот живот во психијатриска клиника…
Мистериите во хотелите се често инспирација за Холивуд и хорор книгите. Тоа е така, бидејќи кај многумина постои психолошкиот момент да се запрашате за животот на претходните патници, а често е така и благодарение на стравот кој ни го внела некоја екранизација за опседнат хотел.
Продолжуваме да ве плашиме: Хотели опседнати со духови