Хектор Морено оваа недела е главна тема на сите спортски медиуми. Иако постигна гол на натпреварот против Манчестер Јунајтед, и неговиот тим славеше со 2-1 на домашен терен, сепак Морено се чувствува монгу несреќно. Тој во последното интервју зборува за тоа колку е несреќен поради тоа што му се случи на Лук Шо.
„Многу добро знам како се чувствува Лук Шо во моментов, бидејќи го имав истиот проблем. Навистина немав намера никого да повредам, едноставно сакав да ја земам топката. Се случи несреќа, немам зборови со кои можам да го опишам ова чувство. Ми беше тешко да го продолжам натпреварот. Иако го победивме Јунајтед, чувствувам голема празнина поради тоа што го направив“