Море и детство: Оној кој имаше проѕирни беше цар

Кога некое семејство одеше на море или езеро, задолжително носеа со себе Југопластика гумени сандали.

Најчесто еднобојни – темно сини или портокалови.

„Оваа статија им ја посветуваме на сите оние кои ги носеа, како задолжителен елемент заедно со костимите за капење. Се работеше за југословенски гигант кој вработуваше 13. 000 работници, произведуваше повеќе од 3.200 различни производи, а приходите беа 350 милиони долари годишно“ потсетува српскиот весник Курир.

Овие гумени сандали за на плажа беа задолжителни.

Сите деца на плажа ги обожаваа, па често се случуваше да бидат заменети. Оние кои успеваа да дојдат до проѕирните модели  беа вистински цареви, на нивната среќа им немаше крај.

sandali2

 

- Реклама -