Морбидната мистерија решена: Зошто трепка мумијата?

Малата Розалија Ломбардо починала во 1920 година од воспаление на белите дробови кога имала само две годни.  На нејзиниот татко, срцето целосно му било скршено го замолил локалниот балзамер, Алфред Салафи да ја мумифицира.

Иако почива меѓу илјадници други мумии во Капучин катакомбите на Сицилија, Розалија најмногу привлекува внимание. Причината е тоа што Розалија секој ден ги движи очите. Пред пет години кустосот, Дарио Пјомбино Маскали  го разоткри митот за мумијата девојче која и покрај се не престанува да ги шокира научниците:

– Во прашање е оптичка илузија заради светлината кои страничните прозорци ја филтрираат, а чиј интензитет во текот на денот се менува, им рече на репортерите.

Пјомбино ја разоткри оваа мистерија кога работниците преместувјаќи го ковчегот со мумифицираното тело на малата Розалија, се помрдна. Тогаш по пр пат можеше да погледне во нејзините очи појасно, како никогаш порано.

– Нејзините очи не се целосно затворени и вистина е дека никогаш не ни биле, изјави антропологот.

Исто така, Пјомбино успеа да ја открие формулата по која телото на девојчето е совршено зачувано. Имено кога балсамерот Салафи починал во 1933 година, тајната на балсамирањето ја однесе во гроб, па со децении никој не успеал да разоткрие поради што нејзиното тело е толку добро зачувано.

-Додека повеќето мумии погребани во катакомбите се балзамирани од страна на монаси, и во основа прилагодени на сувото опкружување. Розалија е мумифицирана вештачки, вели тој.

Археологот Пјомбино во 2009 година успеа да пронајде таен ракопис во кој Салафи ги навел сите состојки кои ги користел за балзамирање на девојчето.

Тој користел глицерин, формалин, цинк – сулфат и хлорид, како и алкохолен раствор и солна киселина. На овој искусен балсамер му било доволно овие состојки да ги измеша во вистински дози и да ги вбризга во телото на Розалија.

Со таа мешавина се убиваат бактериите и се одржува телото во беспрекорна состојба.

- Реклама -