Морално банкротиран социопат

Како цената на пилула против ХИВ скокна за 5.000 проценти?

Шкрели – извршен директор на компанијата, ја зголеми цената на лекот за 5.000 проценти.

618x345

Американска фармацевтска компанија навлече масовен гнев, откако ја зголеми цената на лек за болните од ХИВ / СИДА со 5.000 проценти. Благодарение на компанијата лекот за една ноќ поскапе од 13,50 долари за пилула до 750 долари. Лекот “Дараприм” е на пазарот веќе 62 години. Истиот се користи против заболување од прехранбено потекло, наречено токсоплазмоза, кое го предизвикуваат паразити, кои можат да се исклучително штетни за луѓето со оштетен имунолошки систем, какви што се зарезените со ХИВ / СИДА.

Главниот извршен директор на “Тјуринг” Мартин Шкрели (32 години) стана оправдана мета на напади од медиумите кои му поставуваат прашања во врска со неразумното поскапување на лекот, а потоа го исклучи својот профил на Твитер. Темата за “Тјуринг” сепак остана водечка за социјалните медиуми.

Компанијата ги откупи правата над лекот минатиот месец и речиси веднаш ја крена цената.

Дури пациентите со осигурување се принудени да плаќаат по 150 долари од пилула. Членови на социјалните мрежи веднаш повикаа на бојкот на производите на компанијата, како и барања за нови закони за спречување на слични случаи во иднина.

Кој е тој?

shkreli_.png.CROP.promovar-mediumlarge

Шкрели, од албанско и хрватско потекло, е најомразениот маж во САД. Го нарекуваат „морално банкротиран социопат“ и „лицето на лошиот капитализам“.

Тој е поранешен менаџер на неговиот Elea Capital Management, кој престанува да постои во 2012 година поради судски спор за 2.3 милиони долари со последователно банкротираната Lehman Brothers.

Тој е голем љубител на хип-хоп, израснал во Бруклин, Њујорк, во семејство од работничката класа, што се одразува со неколку години повторувања во средно училиште. Потоа сепак Шкрели се ориентира кон бизнисот. Влегува во фармацевтскиот сектор во 2006 година и има работено за компании кои се специјализирани во производството на лекови против ретки болести.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

„Тјуринг“ ја создава во февруари 2015 година, откако е исфрлен од раководната функција во друга компанија – Retrophin.

Поддршка од системот

martin

Ако ја погледнеме целата слика на цените на лековите во земјата, излегува дека државата им овозможува на производителите да стават цена по желба. А тие, како и секој друг производител , сакаат максимизирање на профитот.

Така се добива следново – фармацевтските компании не се заинтересирани за производствените трошоци или колку е добар нивниот производ кога ја одредуваат цената, туку наместо тоа ги гледаат главно цените на нивните конкуренти.

„Тјуринг“ дури изјавија дека „Дараприм“ сепак останува поевтин, бидејќи во моментов некои лекови против рак чинат по 100 000 долари.

Кандидатот за претседател на Демократската партија на САД Хилари Клинтон ги нарече цените “срамотни” и вети дека има план како да се справи со ситуацијата. Портпаролот на “Тјуринг” – Крег Ротенберг, се оправда дека компанијата ќе ги користи парите од продажбата за повеќе понатамошни третмани за токсоплазмоза.

Производството на пилулата чини 1 долар

8d1ade26-9aaa-4988-a5db-44076067344e

Според Шкрели сепак тоа не ги вклучувало трошоците за маркетинг, дистрибуција и слично, кои биле подигнати драматично во текот на изминатите години.

„Треба да излеземе со ќар од лекот. Компаниите пред нас практично го давале бесплатно. Дараприм се уште е релативно ефтин во споредба со конкуренцијата “, коментира алчниот Шкрели кој заработува од маката на луѓето.

- Реклама -