Сте се запрашале некогаш како изгледа да се давите на отворено море?
Sortie En Mar, француска компанија за поморска безбедносна опрема, ви го претставува онлајн симулаторот за давење. Дел е од кампањата што компанијата ја води за да промовира употреба на појаси за спасување, а се чини дека ова е мошне ефективен чекор.
Се што треба да направите е да кликнете на play копчето, и ќе се најдете во воведното мени на симулаторот. Следниот чекор, штом започнат невољите, е непрекинато да скролате со тркалцето на маусот, за да се одржите во живот. Бидете подготвени за непријатни изненадувања.
Поентата: На отворено море, се изморуваш многу побрзо отколку што мислиш дека ќе издржиш.
Повелете ТУКА и бидете дел од ова уникатно искуство, макар и од безбедната позиција пред вашиот монитор.