Руските полициски служби објавија снимки од апсењето на 31-годишниот Русин кој на 27 јануари украде една од изложените слики среде полната московска уметничка галерија „Третјаков“.
На снимките од безбедносната камера сосема јасно се гледа како човекот едноставно ја откачува сликата од ѕидот и ладнокрвно си заминува носејќи ја во рацете без ни најмал обид да ја сокрие.
Се работи за слика-пејзаж од кримската планина Ал-Петри, дело на рускиот сликар Аркип Киунџи, чија вредност се проценува на околу 180.000 долари.
Не се јасни мотивите на крадецот, барем не ако се земе во предвид дека никој разумен не би помислил дека може да се извлече со вакво нешто. За волја на вистината, меѓутоа, кражбата на сликата била забележана случајно, додека снимката била прегледувана поради изгубена бунда.
Крадецот, патем, е уапсен уште истиот ден, а сликата е вратена во галеријата. Погледнете: