Момчето со „опасен“ часовник

До неодамна 14-годишниот Ахмед Мохамед беше непознат ученик во средно училиште од Тексас.

618x412

Целиот негов живот, сепак се претвори во неправеден притвор под сомневање за тероризам, откако момчето се појави во училиште со рачно склопен часовник.  Наместо професорите да го поттикнуваат за пронајдокот, тие го предадоа на полицијата.

Денес Ахмед се подготвува да ги напушти Соединетите Американски Држави со целото семејство, откако Катарската фондација за образование, наука и социјален развој му доделија целосна стипендија за програмата “Млади иноватори”.

„Нашето семејство беше поласкано од големата поддршка што ја добивме по непријатниот случај со апсењето на Ахмед“, стои во писмената изјава на семејството Мухамед.

„Од Белата куќа до Судан и Мека, секаде бевме пречекани со добар однос од страна на личности, компании и образовни институции“.

19-годишната сестра на Ахмед – Ејман – коментира пред Washington Post дека семејството паднало под огромен притисок поради медиумското внимание.

Ахмед Мохамед стана симбол на борбата со стереотипите и доби силна поддршка од целиот свет, а дури беше и поканет на средба со претседателот Барак Обама во Белата куќа.

ahmet

Ејман признава дека во извесна смисла тензиите вродиле продуктивно, бидејќи нејзиниот брат се мотивирал да работи уште понапорно од порано, но во исто време промените создале сериозни тешкотии за момчето и неговото семејство.

“Беше навистина тешко. Но сè се случува со причина”, вели таа.

Ејман упатува на група онлајн-коментатори кои се сомневаат дека Мохамед намерно барал прилика за да привлече медиумско внимание.

Во оваа група влегува и познатиот британски научник Ричард Докинс, кој го обвини Ахмед за измама заради тврдењето дека го измислил часовникот, и со тоа допуштил самиот да испровоцира притвор со своето однесување.

„Тој расклопил и составил одново еден часовник (во кое нема ништо лошо), по што објави дека го измислил (што е измама)”, напиша Доукинс на Twitter, како одговор на прашање зошто го напаѓа Ахмед Мохамед.

Други го критикуваа 14-годишното момче поради неговата средба со претседателот на Судан, Омар ал-Башир, кој е обвинет за геноцидот во Дарфур од Меѓународниот трибунал во Хаг.

„Се заљубив во Доха, затоа што е толку модерен град“, коментира Ахмед по повод селењето во Катар.

„Видов одлични училишта, од кои многу се филијали на познати американски универзитети. Професорите се одлични. Мислам дека ќе научам многу работи и ќе се забавувам“.

- Реклама -