Постои едно моќно овошје кое може да ги убие бактериите одговорни за расипување на забите.
Тим научници од Ирска тестирале примерок од кокосово масло на Streptococcus mutans – бактерија што се лепи на забите и произведува киселина што предизвикува ронење на забите.
Воочиле дека маслото помешано со ензими станало силно средство за убивање на бактеријата.
Научниците сметаат дека кокосот би требало да се наоѓа во пастите за заби и во течностите за плакнење на устата.
Водичот на истражувањето, доктор Демиен Брејди вели: „Забниот кариес е здравствен проблем на кој не се посветува доволно внимание. Влијае на 60 од 90% деца и кај повеќето возрасни во развиените земји. Кокосовото масло модифицирано со ензими во производите за хигиена на забите би можело да биде атрактивна алтернатива на хемиските адитиви, особено затоа што делува во релативно ниска концентрација“.