Модни парчиња – препознатливи во милиони

Какви сѐ не чуда се демонстрираат на модните писти, а сепак постојат модни парчиња кои се препознатливи во илјада, дури и милиони! Токму тие се еден вид визит – картичка на познатите модни куќи. Станува збор за еден вид игра со асоцијации ако се чевли тогаш се Christian Louboutin, ако се чанти – Louis Vuitton.

Погледнете ги легендарните парчиња од модните брендови кои несомнено се must-have за секоја модна зависничка!

Палто од твид Chanel

Главната револуционерка во светот на модата Coco Chanel има создадено неколку детали во модата кои се главни асоцијации со нејзиното име. Освен малиот црн фустан во кој Одри Хепберн се појави во „Појадок кај Тифани”, на модниот пиедестал на класиката свое место имаат чантите со синџирче Chanel и сакото од твид со украсни детали околу вратот.

download

Чанта Louis Vuitton

Чантите од кафена кожа со принтот LV се препознатливи надалеку поради што се идеално решение за девојките кои сакаат да го нагласат модниот снобизам по секоја цена.

sd

Шапка со мрежа Jil Sander

Шапката со мрежа е дело на дизајнерот Стивен Џонсон кој најновиот модел го создаде за колекцијата есен – зима 2012 година. Реинкарираниот аксесоар повторно го пронајде своето место под сонцето на модата.

a

Црн фустан Givenchy

Фразата за малиот црн фустан кој задолжително треба да биде дел од гардеробата на секоја жена е најчесто поврзувана со Chanel, но ништо помалку препознатлив не е ниту моделот на Givenchy кој е синоним за елеганција и безвременска класика.

ss

Мантил Burberry

Манtилот во пастелна песочна боја е класика на англиската модната куќа Burberry. Прецизниот крој кој ја истакнува половината, како и распоредот на копчињата освојуваат секоја следна сезона.

s

Високи потпетици Christian Louboutin

Модните зависнички не престануваат да штедат пари за еден пар високи потпетици од францускиот дизајнер Christian Louboutin, а сѐ започна со појавата на ѕвездите на црвениот килим во потпетици со црвен ѓон.

dd

 

- Реклама -