Модни парчиња за мажи, по студентските денови

Секој маж ќе ги заврши студентските години, тој веќе поминува во еден нов свет. Гардеробата треба да се промени, а подетални совети како да дојде до тоа  дава Џастин Џефирс, уредник на The Fine Young Gentleman.

Погледнете кои 10 работи според него, треба да ги има секој маж во својата гардероба по колеџ:

Костум

d1(51)

Според Џастин Џефрис жените гледаат на мажите со елегантен костум онака, како што мажите гледаат на свилена долна облека. Со два збора – привлечно е.

Спортско сако

d2(51)

Може да се носи во топло и во студено време. Секој голем бренд нуди такви модели.

Кошула 

d3(49) (1)

Кошулата е уште поважна, ако не сакате да носите јакна. Двете најважни нешта кај кошулата се бојата и тоа дали ви е по мерка во рамениците. Џефрис  ги препорачува марките: CottonWork, Luxire, MyTailor, Alexander West, Cego.

Два пара чевли за костуми

d4(48)

 

Кај чевлите има две правила. Купувате квалитетни обувки и се грижите за нив. Убави чевли не можат да се најдат за помалку од 15.000 денари, вели тој. Евтините чевли можат да се видат од милји далеку. Се препорачува да имате еден пар во црна и еден во кафеав боја. Џефрис ги препорачува марките: Meermin, Ј, Ален Едмондс, Septieme Largeur.

Торба за документи и лаптоп

d5(47)

 

Некои мажи носат лаптоп во ранец, но по одредена возраст, тоа не е особено мажествено.

Соодветни чорапи

d6(36)

 

Ако носиш костум, не е добро да носиш  многу високи чорапи. Потребен ви е класичен краток чорап.

Елегантно палто

d7(39)

 

Може да си  купил многу скапа и модерна зимска јакна, но одговара ли тоа со елегантниот костим? Не. Треба да имате палто за костумот. Едно квалитетно такво палто ќе топли и ќе издржи со години. Џефрис ги препорачува марките: Century21, Hugo Boss, Indochino, Suitsupply

Квалитетни очила за сонце

d8(34)

 

Очилата ви треба да велат дека сте бизнисмен, а не рок ѕвезда.

Ремени

d9(30)

За секој пар на чевли треба да имате барем еден соодветен појас, но најдобро два – еден со жолта и еден со сребрена тока.

Марамче

d10(31)

 

Да, токму така – марамче.Пример марки: Paul Stuart, Century21, J. Press, Kent Wang, A Suitable Wardrobe.

- Реклама -