Модни комбинации со кожено здолниште

Сигурно веќе сте поминале барем покрај неколку излози, каде овој тип на здолништа стојат изложени ударно. Кратко или долго, црно или шарено – тоа е како пар кул фармерки кои по секоја цена треба да ги имате во вашата гардероба оваа сезона.

Ако сакате да сте во чекор со трендовите, ослободете се од стереотипите дека коженото здолниште изгледа вулгарно и научете неколку фори за комбинирање.

Со кожна јакна

zdolnishte-moliv1

Ви гарантираме дека ако го комбинирате актуелното кожено здолниште со јакна од истиот материјал, нема да изгледате како хероини од “Матрикс”. Можете дури и да изберете различни бои.

Со елегантен капут

zdolnishte-moliv2

Есенски капут и здолниште од типот молив – полн погодок!

Со широк џемпер

zdolnishte-moliv3

Волуменските и широки џемпери ветуваат дека ќе бидат актуелни и во оваа сезона. Додадете шал или масивен ѓердан и подгответе се за погледи.

Со јакна или кошула од тексас

zdolnishte-moliv4

Тексас јакните даваат едно градско емитување на речиси секој стајлинг.

Со патики

zdolnishte-moliv5

Го  сакаме комбинирањето на спортското со елегантното во една визија, особено кога станува збор за ваков тренд.

- Реклама -