Модни идеи за дочекот за Нова година

Коктел фустани, свилени комбинизони и елегантни здолништа…на вас е само да го изберете најдоброто парче за празничниот период.
Знаеме дека можеби за повеќето се уште е рано да имате испланирано на кое место ќе ги одбројувате минутите до новата 2015 година, и дека повеќето од вас тоа ќе го дознаат во последен миг, но тоа не е причина покрај вообичаената празнична хистерија да наидете на проблемот „немам што да облечам“ во пет до 12.

Наместо да го оставите шопингот за последните денови од декември, изгубено да лутате по бутиците со уште милион луѓе, зошто не би ги посетиле омилените бутици уште сега.

И да, тоа не мора да биде фустан. Ние пронајдовме и некои тренди комбинизони, како и здолништа кои во пар со блуза, создаваат можност да заблескате на новгодишната ноќ.

Еве ги нашите идеи:

nova-godina-portal2 30585_6 30585_5 30585_4 30585_3 30585_2 30585_1

 

- Реклама -