Moдна ревија во затвор

Затворот во централен Израел, неве Тирза стана модна писта, бидејќи во него беше одржана модна ревија на која што сите креации беа претставени од затвореничките на установата.

Тоа е дел од програмата за рехабилитација и поддржува вештини кои што затвореничките можат да ги искористат од друагата страна на решетките, кога ќе излезат на слобода.

„Намерата е на затвореничките да им се пружи можност за создавање на нешто ново, со цел да се пронајдат во општеството“, вели управникот на израелската школа за дизајн 6Б Иванив Шварц.

 

Затворениците работеле заедно со студенти од студиото, а креирале колекција инспирирана од британската восјка и индијските верски симболи. Облеката ја украсувале со цвеќиња, животински принт и геометриски облици, а учеле и како да шминкаат, да прават фризури.

Моделите парадирале на црвениот килим пред бодликавата жица и зад големите ѕидини.

„ Сакаме нивното време во затвор да биде конструктивно, со цел по излегувањето да имаат избор и можност да се занимаваат со нешто корисно“, вели портпаролката на затворот Никол Енгландер.

Таа додава дека има затворенички што студирале дизајн на облека, а во затворот продолжиле со своето школување.

Tan2014-10-30_155050915_6_620x0 Tan2014-10-30_82437517_0_620x0 Tan2014-10-30_82039681_0_620x0 Tan2014-10-30_81948163_1_620x0 Tan2014-10-30_81839224_1_620x0 Tan2014-10-30_81737586_0_620x0 Tan2014-10-30_81611272_0_620x0 Tan2014-10-30_81426838_0_620x0 Tan2014-10-30_81111123_0_620x0 Tan2014-10-30_8177181_0_620x0 Tan2014-10-30_8135536_1_620x0

- Реклама -