Модерно писмо до Дедо Мраз

Ех, денешниве деца…По се изгледа дека од денот кога ние пишувавме писма со новогодишни желби, до денес, многу нешта се сменети во начинот на кој Дедо Мраз дели новогодишни подароци. Судејќи според писмото подолу, тој ги охрабрува децата да му „пуштат линкче“ со нештата кои сакаат да ги добијат, веројатно од причини што на тој начин, Дедо Мраз ќе може да го избере перфектниот подарок, без да се плаши дека ќе ја утне бојата или некој сличен детал. И кога ќе  сфатиме дека во денешно време дури и Дедо Мраз ги порачува подароците преку интернет, останува само едно прашање – колку од неговите џуџиња-помошници останаа без работа?

Шегата на страна, потребно е доста труд за да испратите веб-линкови во писмена форма. Ние, на пример, не бевме доволно вредни да отвориме ниту еден од линковите и да видиме што навистина сака ова дете за Нова Година.

писмо

 

 

- Реклама -