Вашингтон, 7 октомври 2021 (МИА) – Модерна планира да инвестира околу 500 милиони долари за изградба на фабрика во Африка, што ќе произведува до 500 милиони дози на мРНА вакцини годишно.
Предвидено е да се произведува и нејзината вакцина против Ковид-19, додека расте притисокот врз фармацевтската индустрија да произведува лекови во Африка. Покрај производството, вакцината може да се пакува на истата локација.
„Очекуваме да ја произведеме нашата вакцина против Ковид-19 во ова фабрика како и дополнителни производи од нашето портфолио на вакцини мРНА“, изјави извршниот директор Стефан Бансел на Модерна.
Американската фармацевтска компанијата најави дека наскоро ќе одлучи во која земја и на која локација ќе ја гради фабриката.