Ако снежното време ја разбуди вашата носталгична страна и помислувате на модата низ времињата, тогаш совршената инспирација за вас се модните избори на Зелда Фицџералд, жената на авторот на книгата „Големиот Гетсби“, Френсис Скот Фицџералд.
Безвремена елеганција
Фустаните со спуштен струк беа особено популарни во дваесетите години на минатиот век, а денес ќе изгледате особено шик со винтиџ-фустан во некоја смела боја, како бордо, карамела или мастило. Романтичната шапка од кадифе ќе создаде добар контраст со фустанот, а чевлите во оксворд-стил ќе го финишираат винтиџ-стилот. Ако сакате да бидете драматични, носете бисерен накит.
Зимска комбинација
За да бидете елегантни и на најниските температури комбинирајте маичка со панделка околу вратот, едноставно црно здолниште и долг мантил во карамела-боја. Носете чизмички до глужд со високи потпетици, дебели хулахопки во кафена боја и кожени ракавици. Безвремен изглед ќе добиете со винтиџ-шапка со панделка или цвет на страната, како и со елегантни обетки.
Гламурозен стил
Оваа комбинација е совршена за формалните пригоди. Комбинирајте елегантен фустан од свила во розова боја со високи потпетици со ремчиња. Палтото од лажно крзно ќе му даде луксузна нота на изгледот, а чантата и прстенот со кристали ќе направат да изгледате гламурозно. Најхрабрите може да носат и кристална тијара во косата. [Fashion Inspired by Zelda Fitzgerald]