МНР за истечените пасоши: „За жал некои држави потешко се адаптираат, најбезбедно е граѓаните да патуваат со пасоши кои не се истечени“

МНР испратило известувања до сите држави за продолжениот рок на пасошите чиј рок на важење е истечен (односно кој истекува по 31 јули 2020 година), но и покрај тоа дел од државите не прифаќаат овие патни исправи да ги сметаат за валидни. Поради недоумицата кај граѓаните, кои не се сигурни дали е паметно да патуваат со вакви документи, „А1он“ побарале одговор од МНР.

„За жал, и покрај сите напори што Министерството за надворешни работи постојано ги вложува, сепак има држави што потешко се адаптираат на овие промени и ваквите исправи не ги третираат во целост соодветно со измените на законот. Затоа, ги информираме сите граѓани дека најсигурниот начин за патување во странство е со патна исправа на која не ѝ е истечен рокот на важење“, одговориле од министерството. Целиот текст ТУКА.

- Реклама -