МНР: Средбата на историската и образовна комисија во позитивна атмосфера и размена на ставови

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, денеска и вчера во Скопје ја одржа 18-та средба.

„Средбата помина во позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век“, соопштија од македонското МНР кратко по средбата, без да навлегуваат во детали.

До крајот на годината, информираат од министерството, се планирани уште вкупно четири средби на Комисијата, од кои следната ќе се случи во Софија, на 12 и 13 мај годинава.

На последнава средба, на дневен ред беа забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.

Прочитајте и:  Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе се знае крајот на процесот

Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.

- Реклама -